Дома Македонски спорт Мак фудбал Не болат резултатите, туку немањето желба: „Комити“ со опомена до фудбалерите на Вардар

Не болат резултатите, туку немањето желба: „Комити“ со опомена до фудбалерите на Вардар

По две сезони поминати во Втората лига, Вардар сезона игра во прволигашка конкуренција, но сезоната црвено-црните ја стартуваа со три порази.

Подобри од Вардар на стартот од сезоната беа Брера, Шкупи и Воска Спорт. Навивачката група „Комити“ по ваквите резултати испрати опомена до фудбалерите со соопштение во кое ја потенцираат слабата желба на фудбалерите на Вардар.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да нè спречат! Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.

Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени! Но, важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.

В среда, на стадионот „Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни! Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!“, објавија „Комити“.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…