Дома Фудбал Германија „Не би сакал да бидам во кожата на Ковач ако доживее пораз од Борусија Дортмунд

„Не би сакал да бидам во кожата на Ковач ако доживее пораз од Борусија Дортмунд

Баерн минатиот викенд уште еднаш ги разочара своите навивачи откако одигра само 1:1 против Фрајбург со што продолжи резултатската криза на екипата на Нико Ковач.

Ковач на клупата на Баерн дојде летоска од Франкфурт, но не ја започна најдобро епизодата во минхенскиот клуб. Баерн имаше неколку неочекувани киксови поради кои зад водечката Борусија Дортмунд заостанува четири бода. Шанса за поправен момците на Ковач веќе имаат во сабота во големото дерби токму против Дортмунд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно е дека хрватскиот стручњак е под голем притисок, а германските медиуми пренесуваат дека во случај на пораз може да добие отказ. Пред овој натпревар се огласи и легендарниот фудбалер Лотар Матеус кој порача дека не би сакал да биде во кожата на Ковач ако го загуби дербито против Борусија.

„Сигурно е дека за него тоа е клучен натпревар. Доколку го загуби навистина не би сакал да бидам во кожата на Нико Ковач. Ова стана Баерн на кој никој не му се плаши. На управата останува да донесат некоја одлука за оваа криза конечно да заврши.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …