Дома Топ вести Не било случајност: Во ПСЖ голот за осум секунди го вежбале еден ден пред натпреварот

Не било случајност: Во ПСЖ голот за осум секунди го вежбале еден ден пред натпреварот

Вчера Пари Сен Жермен забележа убедлива победа против Лил и го прегази со 1:7. Овој натпревар ќе се памети по голот на Мбапе за осум секунди.

Овој гол на Мбапе е најбрзиот во историјата на француското првенство. Фудбалерите на ПСЖ разменија неколку кратки додавања, а потоа кога Мбапе истрча во простор, Меси одлично го пронајде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стратегот на „светците“ Криштоф Галтие после мечот истакна дека голот не бил случајност и дека го тренирале.

„Најдовме снимка од сличен гол во другите лиги и го трениравме. Нашите младинци постигнаа таков гол на мечот против Стразур. Еден ден пред натпреварот со Лил зборувавме за ова и го вежбавме на тренинзите. Им честитам на сите што учествуваа во ваквата акција“, изјави Галтие.

Мбапе до крајот постигна уште два гола, а останатите ги постигнаа Меси (два), Нејмар и Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …