Португалскиот напаѓач Андре Силва летото 2017 година од Порто пристигна како големо засилување во Милан, но на „Сан Сиро“ не се наигра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Првата сезона Силва во поглемиот дел од сезоната ја помина на клупата за резерви иако клубот за него издвои дури 38 милиони евра. Но, очигледно „росонерите“ немаа трпение со него и го испратија на Севиља каде што експлодираше.
Овој 23 годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 21 натпревар и постигна девет погодоци, од кои дури осум во Ла Лига на 14 натпревари. Севиља е одлучна да го откупи неговиот договор, но сега се појави нов клуб во игра.
Шпанските медиуми сега пренесуваат дека интерес за Силва покажала Барселона која бара замена за Луис Суарез. Во Барселона веруваат дека Силва би бил одлична замена за Уругваецот.
Севиља има право да го откупи договорот на Силва за сума од 22 милиони евра.