Дома Фудбал Останато Нејмар јавно го критикуваше ПСЖ за Лукас Моура

Нејмар јавно го критикуваше ПСЖ за Лукас Моура

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар јавно го искажа разочарувањето од трансферот на Лукас Моура од ПСЖ во Тотенхем.

„Тажен сум бидејќи тој ми е добар пријател. Лукас е врвен фудбалер, но многу ретко добиваше шанса овде. Мислам дека ова е многу неправедно“, изјави Нејмар.

„Лукас ми е фудбалски брат и му посакувам се најубаво. Каде и да оди се надевам дека ќе постигне многу голови и ќе се врати во репрезентацијата на Бразил“, додаде најскапиот фудбалер на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Енфилд „се фаќаат за глава“: Се подготвува јануарска бомба, планот веќе постои

Флоријан Вирц повторно се најде во фокусот на европската фудбалска јавност, а според навод…