Нејмар дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери во светот, меѓутоа во јавноста многу се пишува и за неговиот неспортски живот.
Во овој момент тој го носи дресот на ПСЖ, беше блиску да се врати во Барселона од каде што дојде за 222 милиони евра, меѓутоа клубовите не се договорија за оштетата. Нејмар, не криеше и покажуваше дека сака да се врати во Каталонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега одново тој зборуваше за својата иднина и истакна дека сака да игра за новоформираниот тим на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Тимот на Бекам од наредната сезона ќе игра во МЛС лигата.
„Јас сам му побарав да играм за неговиот тим. Сакам да одам кај него и тоа му го кажав на Бекам, еден ден ќе играм таму“, изјави Нејмар.