Според последните информации од Шпанија, Бразилецот Нејмар сакал да се врати во редовите на Барселона, меѓутоа добил негативен одговор од тренерот Ханси Флик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар наводно не бил среќен од животот во Саудиска Арабија, па сакал да се врати на фудбалот во Европа.
Медиумите пренесуваат дека неговите претставници стапиле во контакт со Барселона, меѓутоа тие им соопштиле дека во овој момент тој не се вклопува во плановите на тренерот Флик.
Наводно, Нејмар бил спремен да игра и за помала плата, но финансиите воопшто не биле тема. Флик бил јасен дека во овој момент нема потреба од него.