Еминентниот француски весник „Екип“ преку своите инсајдери дознава првата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар влегол во расправија со тренерот Унаи Емери.
Веќе неколку недели Бразилецот е лут на тренерот кој изјави дека Нејмар мора понапорно да работи за да се вклопи во системот на игра и дека тоа ќе биде клуч за успех оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Емери е познат како голем тактичар и многу работи на дисциплината во играта. Во петокот го завршил тренингот предвреме и им рекол на играчите дека ќе продолжи во соблекувалната со тактичка анализа. Тој имал намера да го запознае тимот со ривалот.
Тоа наишло на лош прием кај Нејмар кој истакнал дека сака да тренира со топка, наместо да слуша за тактика. Соиграчите го натерале да дојде во соблекувалната, а „Екип“ пренесува дека слични проблеми имал и во Барса, бидејќи Бразилецот сака што подолго да биде на теренот.
Весникот тврди дека Нејмар влегол во расправија со тренерот Емери, па останува да видиме како тоа ќе се одрази на нивниот однос во иднина, но и на играта на тимот.