Каталонскиот спортски весник „Мундо Депортиво“ на денешната насловна страна излезе со слика од Нејмар и зборовите „Сакам во Барса!“
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според весникот Нејмар јасно ги кажал овие зборови пред своите соиграчи во Пари Сент Жермен. Бразилецот не е среќен во Париз и настојува да се врати на „Камп Ноу“.
Меѓутоа, големата сума која ја бара ПСЖ за неговата слобода го прават овој трансфер скоро невозможејн. Барселона беше силно погодена од економските последици од пандемијата.
Постои голема веројатност Каталонците да се обидат да го вратат Нејмар и ова лето, но само доколку ПСЖ прифати трампа за одредени фудбалери како Дембеле и Умтити.
