Дома Трансфер зона Нејмар не мрда од Париз до 2027 година!

Нејмар не мрда од Париз до 2027 година!

Нејмар ќе остане во Пари Сен Жермен до 2027 година, бидејќи на 1 јули ќе се активира клаузулата со која автоматски ќе му се продолжи договорот на уште една година, открива „Екип“.

Раководството на ПСЖ сака да се ослободи од Бразилецот, но тоа ќе биде практично невозможно со вака долг договор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Екип“ тврди дека Нејмар не размислува за заминување од Париз, меѓудругото и затоа што во моментот не постои друг клуб кој ќе му ја гарантира годишната плата од 40 милиони евра.

Доколку ПСЖ сака предвреме да го раскине овој нов договор, тогаш на Нејмар ќе треба да му исплати отштета од неверојатни 130 милиони евра.

Се појавија информации дека ПСЖ го нуди Нејмар на неколку европско гиганти и е спремен да ја плаќа половина плата од Бразилецот, но фудбалерот порачал дека нема намера да замине од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…