Дома Фудбал Останато Нејмар го чека тешка казна за испадот, Тухел му одржа лекција (видео)

Нејмар го чека тешка казна за испадот, Тухел му одржа лекција (видео)

Најголемата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар повторно е во центарот на вниманието поради инцидентот кој го направи во финалето од Купот на Франција, против Рен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фрустрираниот Нејмар после загубеното финале влезе во расправија со еден навивач, па дури и физички го нападна, инцидент кој крена „голема прашина“.

Еминентниот „Екип“ пишува дека Нејмар ќе добие суспензија од пет до осум натпревари, а тоа значи дека сезонава за него е дефинитивно завршена.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел денес јавно му одржа лекција на Бразилецот.

„Воопшто не ми се допадна тоа што го видов, не е можно да направите такво нешто, едноставно е недозволиво. Не е лесно да се искачувате по скалите по еден пораз, тоа е тешко за мене и за сите играчи, но мора да го прифатиме тоа. Кога губиме, мора да покажеме респект. Непотребно е да влезете во конфликт со навивач, не смеете да го правите тоа“, му порача Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Eгзодус во Манчестер Сити: Ова се фудбалерите кои можат да заминат!

Манчестер Сити ова лето може да се соочи со серија заминувања, поттикнати од упорните глас…