Дома Топ вести Нејмар го купи Катар, а еве како ќе го „испеглаат“ и трансферот на Мбапе!

Нејмар го купи Катар, а еве како ќе го „испеглаат“ и трансферот на Мбапе!

al kelaifi

Изгледа дека клубот од Париз смисли план како ќе ги избегне последиците и поради трансферот на Килијан Мбапе.

Иако Насер Ал Келаифи тврди дека ПСЖ ги почитува границите на фер плејот и дека УЕФА може да испитува колку што сака, јасно е дека кога ќе дојде моментот за исплата на трансферот на Мбапе, а тоа е идното лето, клубот може да се најде во сериозни проблеми, дури да се соочи и со исфрлање од Лигата на Шампионите, иако скоро и никој да не верува дека УЕФА може да направи нешто такво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа што другите клубови се незадоволни поради нашиот преоден рок, тоа е нивни проблем, ние знаеме што правиме. Нема да зборувам за деталите, но имаме план и ќе останеме во границите на правилата“, изјави Ал Келаифи.

„Мундо Депортиво“ тврди дека ПСЖ во јануари ќе продаде неколку фудбалери и дека до тогаш веќе ќе направи голема предност на табелата во француското првенство и ќе може во целост да се посвети на Лигата на шампионите.

Таа распродажба ги вклучува пред се Јулијан Дракслер и Анхел Ди Марија кои можат добро да ја наполнат касата на клубот од Париз, но тука се уште Хавиер Пасторе, Лукаш Моура и голманот Кевин Трап.

Доколку се реализираат наводните планови на управата на ПСЖ, тие би довеле до намалување на платежниот список, но и голем финансиски приход со кој би можеле да ја покријат сумата која во идното лето треба да ја исплатат за Мбапе, а таа изнесува 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…