Бразилецот Нејмар минатото лето за сума од 222 милиони евра од Барселона премина во редовите на Пари Сен Жермен и така најскапиот фудбалер на сите времиња.
Не е тајна дека Нејмар не се вклопи баш најдобро во соблекувалната на францускиот клуб, прво започна со неговата себичност на теренот, потоа со судир со Кавани околу изведувањето на пенали, а како „шлаг на тортата“ доаѓа барањето за повисока плата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар месечно заработува околу три милиони евра, што е дневно околу 100.000 евра, но тоа не му е доволно и сака повеќе.
За кариерата на Нејмар се грижи неговиот татко кој наводно неодамна го известил клубот дека неговиот син сака да замине, но претходно побарал поголема плата.
Информацијата дека Нејмар сака поголема плата стигнала и до соблекувалната на ПСЖ, а каква атмосфера владее во соблекувалната доволно зборува изјавата на Адриен Рабиот.
„Тогаш нека игра сам“, порачал членот на француската репрезентација.