Клубот од Луиџи Ферари е спремен да го врати во живот талентираниот чешки фудбалер.
Екипата на Рома бараше сериозен напаѓач и на крајот летото 2017 година го доведе Патрик Шик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шик беше пред потпис со Јувентус, помина и еден дел од лекарските прегледи, но „старата дама“ во последен момент се откажа од негов ангажман. Потоа се појави и Интер, сепак Шик заврши во Рим.
Рома на Сампдорија за неговите услгуи и плати 42 милиони евра и засега времето покажува дека погрешија.
Сега „Газета дело Спорт“ пишува дека Рома би можела да го врати Шик на позајмица во клубот од Џенова кој е расположен за таква опција.
Останува да се види дали доколку навистина се случи таква позајмица ќе го разбуди 22 годишниот напаѓач кој постигна три гола за Рома на 28 натпревари.
Шик експлодираше во сезоната 2016/2017 кога на 32 натпревари во италијанскиот шампионat постигна 11 погодоци и изгледаше дека може да одигра важна улога во било кој тим на Апенините.