Дома Фудбал Репрезентации Неуништливот Рафаел Маркез пред подвиг кој им успеал само на уште тројца во историјата!

Неуништливот Рафаел Маркез пред подвиг кој им успеал само на уште тројца во историјата!

Поранешниот ас на Брселона, Рафа Маркез (39) се најде на прелиминираниот список од 28 играчи на Мексико за претстојното Светското првенство во Русија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мексиканецот е на добар пат да настапи на својот петти Мундијал во низа и така да влезе во друштвото на бесмртни каде што се наоѓаат само уште тројца фудбалери.

Пред Маркез по пет настапи на светските шампионати забележаа двајца голмани, легендарниот Мексиканец Антонио Крабахал и Џанлуиџи Буфон и само еден играч – Германецот, Лотар Матеус.

Антонио Карбахал: 1950, 1954, 1958, 1962 и 1966

Лотар Матеус: 1982, 1986, 1990, 1994 и 1998

Џанулиџи Буфон: 1998, 2002,2006, 2010, 2014

Рафал Маркез: 2002, 2006, 2010, 2014, 2018?

Да потсетиме Рафаел Маркез своите славни денови ги помина во Барселона каде што настапуваше од 2003 до 2010 година, а го носеше уште дресот на Монако, Њујорк Ред Бул, Верона и сега се врати во матичниот Атлас.

За репрезентацијата на Мексико одигра 143 натпревари и постигна 19 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дилемата пред Модрич: уште една година во Милан или закачување на копачките на клин

Играчот од средниот ред на Милан Лука Модриќ има само две опции за својата фудбалска карие…