Дома Македонски спорт Нестор со емотивен статус за Пандев: Ништо нема да биде исто без најголемиот

Нестор со емотивен статус за Пандев: Ништо нема да биде исто без најголемиот

Илија Несторовски со емотивен статус го испрати Горан Пандев.

Пандев го одигра Европското првенство со Македонија, а така ја заврши и својата репрезентативна кариера. Илија Несторовски кој е близок со Гоче со емотивен статус го испрати во репрезентативна пензија НАЈГОЛЕМИОТ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Заврши Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вчера беше мечот со Холандија. Не сакавме да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат геренации, ќе го прераскажуваат поколенија.Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина.Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро… Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда.Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има! GRAZIE CAPITANO“, напиша Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…