Дома Фудбал Италија Нестор до Италијанците: Вечерва ќе видите еден компактен тим, Елмас е нашиот клучен играч

Нестор до Италијанците: Вечерва ќе видите еден компактен тим, Елмас е нашиот клучен играч

Вечерва во Рим, Македонија ќе се соочи со Италија, а Италијанците во четирите меѓусебни натпревари не победиле само еднаш и тоа секако дека создава одреден притисок кај нив.

Пред натпреварот се огласи и Илија Нестровски кој им испрати порака дека вечерва ќе играат против една солидна и компактна екипа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Вечерва ќе се сретнете со еден солиден и компактен тим кој игра одлично во дефанзивата. Последните натпревари против Италија беа позитивни за нас, немаме пораз на последните три меча и сакаме да го продолжиме тој тренд.

„Во последните седум-осум години, ние многу напредувавме. Бевме на Европско првенство, а и резултатите против вас го покажуваат тоа.

„Мислам дека фактот што Италија загуби од нас во Палермо, а потоа одигра реми во Скопје, создава тежина врз Италија. Се разбира дека имавме малку среќа, но одигравме добро и сакаме да продолжиме по тој пат“.

Зборуваше Нестор и за нашите клучни играчи…

„Наш клучен играч дефинитивно е Елмас, тој е нашата ѕвезда. Но Миовски исто така игра многу добро во Абердин и не може да го заборавиме Трајковски кој го даде голот во Палермо. Исто така и Барди кој секогаш е многу добар меѓу линиите“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …