Продолжува во јавниот конфликт помеѓу Фудбалската федерација на Македонија и репрезентативците.
Денес во изјава за „360. степени“, Горан Пандев и Илија Несторовски зборуваат дека од ФФМ побарале во текстот на химната да не се споменува „Мрме“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна“, зборува капитенот во видеото.
Слична е изјавата и на Нестор.
„Ние играчите бевме повикани да снимаме спот за таа песна. Кога пристигнавме на стадион, не пречекаа Пеце Суперхикс и неговата група – се беше спремно за снимање. Во еден момент почнаа да му објаснуваат на селекторот дека од Федерацијата е побарано да биде тргнат делот во кој се спомнува Мрме. Навистина останавме вчудовидени, не очекувавме таква ситуација, бидејќи знаеме дека тие резултати се постигнати на чело со сегашниот селектор. Снимавме еден дел со него и без него, не знаеме уште како ќе биде. Се надевам дека ќе заврши оваа игра и човекот ќе добие внимание поради сите резултати што ги направи за Македонија“.