Дома Фудбал Несторовски за Кулушевски: Кога игравме против Парма не дојде ниту да се поздрави

Несторовски за Кулушевски: Кога игравме против Парма не дојде ниту да се поздрави

Напаѓачот од репрезентацијата Илија Несторовски започна одличен серијал на својот Инстаграм профил.

Нестор стартуваше серијал кој го нарече „Нестор ТВ“ и во него разговара со свои соиграчи и пријатели, денес тој разговараше со заменик капитенот Стефан Ристовски.

Една од нивните теми во денешниот разговор беше Дејан Кулушевски.

Несторовски кажа дека станува збор за одличен играч, но дека се разочарал од неговото однесување кога играл против Парма каде што играл Кулушевски.

„Одличен играч, топ играч. Но сум разочаран од неговото однесување. Игравме против Парма и сигурно знае дека има Македонец, постар сум 10 години и не ни дојде да се поздрави, ни ништо…Ме разочара со тоа како се однесуваше“.

Поголем дел од супер интересниот разговор на Несторовски и Ристовски можете да прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еспи влезе од клупата и го спаси Реал: Пресврт против Селта на „Бернабеу“!

Реал Мадрид ја совлада Селта со 2-1, иако губеше на паузата. Белингам израмни, а резервист…