Дома Фудбал Англија Непоразените „топџии“ паднаа пред залетаните „ѓаволи“ – нема перфектни во ПЛ!

Непоразените „топџии“ паднаа пред залетаните „ѓаволи“ – нема перфектни во ПЛ!

Дерби натпреварот на шестото коло во Премиер лигата денес го одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Гостите во натпреварот влегоа со пет победи од првите пет натпревари, додека Манчестер Јунајтед после првите две кола почна да игра како што од нив се очекуваше. Денес се радуваа „ѓаволите“ кои ја врзаа четвртата победа во низа и го нанесоа првиот пораз за тимот на Артета сезонава (3:1).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот гол на натпреварот го видовме во 12. минута, но беше поништен. Мартинели ја погоди мрежата на Јунајтед, но тој гол беше поништен поради офсајд. Резултатот го отвори новото засилување за „ѓаволите“, Антони по додавањето од Рашфорд.

Успеа Арсенал да дојде до изедначување после еден час игра, после неколку промашени прилики погоди Сака. Кога се очекуваше дека Арсенал може да направи пресврт, Јунајтед преку Рашфорд го врати водството.

После тој момент Артета тргна на се или ништо и направиј тројна измена. Со таквата игра се остави простор за домашните фудбалери, а тоа го искористи Рашфорд кој постигна уште еден гол за конечни 3:1.

Арсенал сега останува на првото место со 15 освоени бодови, додека Јунајтед е петти со 12 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-фудбалерот на Интер пијан се заканувал на полицајци: Сите ќе ве убијам како овци!

Aктуелниот фудбалер на Нови Пазар, Адем Љајиќ, во алкохолизирана состојба го нападнал реце…