Дома Фудбал Италија Неочекувана изјава од Марота: Јувентус ќе го освои Скудетото

Неочекувана изјава од Марота: Јувентус ќе го освои Скудетото

Џузепе Марота одлично работеше во Јувентус, а така продолжи и во Интер.

Денес ќе продолжи трката на Апенините. 15. коло во Серија А ќе го отвори Интер на „Џузепе Меаца“ во натпреварот со Рома.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер има еден бод предност во однос на Јувентус кој утре ќе гостува кај Лацио.

Бепе Марота кон крајот на минатата година го промени клубот и после долгите години работа во Јувентус се пресели во Интер каде со Конте засега работи одлично.

Меѓутоа Марота сега изненади со изјавата дека според него Јувентус повторно ќе биде шампион.

„Се уште е рано, одиграни се само 14. кола. Знаеме дека освојување на Скудето во првата (од кога тој и Конте се во клубот) сезоната е скоро невозможно. Јуве има два тима. Имаат квалитетни играчи на секоја позиција и мислам дека повторно ќе ја освојат титулата. Во секој случај, морам да признаам дека не очекував ваков учинок од Конте на самиот старт“, изјави Марота.

Ќе потсетиме Јувентус во Италија доминира веќе осум сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …