Дома Останати Тенис Неочекувана драма во финалето на УС Опен и голема победа на Надал

Неочекувана драма во финалето на УС Опен и голема победа на Надал

Рафаел Надал ја освои новата Грен Слем титула во Њујорк. Надал го освои УС Опен совладувајќи го во финалето одличниот Русин Данил Медведев со 3:2 во сетови (7:5, 6:3, 5:7, 4:6, 6:4).

Првите два ипол сета од овој меч не највуваа ништо друго освен сигурна победа на Надал. Иако Медведев играше добро тоа беше премалку да за му направи проблем на Надал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Така беше се до моментот кога Рафа водеше со 2:0 во детови и 4:2 во третиот сет и кога сите чекаа крајот на мечот на турнирот. Во тие момент се разбуди фантастичниот Медведев кој заигра фантастично. Не само што ја врати предноста од изгубен брејк, туку го реши и сетот во негова корист со 7:5.

Таа игра Медведев ја пренеси во четвртиот сет приморувајќи го Надал да греши повеќе од вообичаено. Во десетиот гем кога направи брејк изедначи на 2:2.

И петиот сет го отвори добро Медведев, поведе со 2:1 и го притисна Надал во четвртиот гем во одлучувачкиот сет, но откако не направи брејк. Надал го извлече најдоброто од себе и направи два брејка за водство од 5:2. И повторно кога изгледаше дека мечот е завршен се роди нова драма. Медведев се врати на 5:4 и при вториот сервис на Надал имаше можност за две брејк топки за целосно враќање во мечот и целосен егал. Но, тука главна улога одигра желбата на Шпанецот кој не дозволи Медведев уште еднаш да се врати.

Со овој Грен Слем трофеј, 19-ти во кариерата Надал дојде на еден заостанување од Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…