Барселона вчера убедливо го совлада Ваљадолид со 5:1 и повторно се искачи на првото место на табелата во Ла Лига со 22 бодови од 10 натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лионел Меси постигна два гола, еден од слободен удар и тој беше негов 50-ти во кариерата на таков начон. Конечниот резултат го постави Луис Суарез во 77-тата минута.
За Суарез тоа беше 137-ми лигашки гол за Барселона, но прв против Ваљадолид. Тоа беше последниот тим против кој Суарез играл, а не постигнал гол во Ла Лига откако во 2014 година пристигна во Барселона од Ливерпул.
Уругваецот досега бил стрелец против сите 27 клубови со кој се сретнал во шпанското првенство.