Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет на лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот на лето ќе влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат за Лаказет.
Најсилен интерес за Французинот покажува Атлетико Мадрид, а „топџиите“ се спремни да го пуштат за сума помешу 25 и 30 милиони евра.