Ќе поставува ли Реал Мадрид според клупските правила и кога е Серхио Рамос во прашање?
На шпанскиот репрезентативец актуелниот договор му истекува во јуни 2021 што значи дека наскоро двете страни ќе треба да седнат на преговарачка маса за да разговараат за иднината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според инофмрациите на „Марка“, Серхио Рамос инсистира на двегодишна соработка и тоа значи дека неговата намера е по истекот на актуелниот да остане во Реал до летото 2023 година.
Меѓутоа проблем е во годините. Претседателот на Реал, Флорентино Перез се држи до клупско правило според кое на играчите кои имаат 32 години договорот им се обновува година за година.
Рамос во март ќе го прослави 34-ти роденден, а последните информации од Шпанија се дека Реал нема да отстапи од својот принцип и Рамос може да не добие понуда за продолжување на договорот.