Претставници на Манчестер Јунајтед и Барселона вчера имале нова рунда преговори околу евентуалниот трансфер на Френки де Јонг.
Меѓутоа, овие разговори не довеле до никаков напредок, бидејќи двата клуба не можат да се договорат за трансферната сума.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Новинарот Фабицио Романо информира дека Каталонците бараат најмалку 86 милиони евра за Холанѓанецот, притоа инсистираат да се плати целата сума одеднаш. Причината за тоа е што поради финансиските ограничувања, Барселона може да инвестира во тимот само една третина од она што ќе го добие од продажба на играчите.
Манчестер Јунајтед во моментов е спремен да плати 70 милио евра плус 5 милиони како бонуси, па се уште нема напредок во преговорите.