Дома Фудбал Останато Нема мир во Париз, Кавани и Пасторе го налутија капитенот!

Нема мир во Париз, Кавани и Пасторе го налутија капитенот!

pastore cavani

Пари имаат, но мир никако, француските медиуми денес пишуваат за нови проблеми во ПСЖ…

Овој пат не е Нејмар во центарот на вниманието туку Едисон Кавани и Хавиер Пасторе кои доцнеле на тренинзите после новогодишните празници.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кавани задоцнил два пати, Пасторе дури пет! Иако Аргентинецот барем има оправдување, тој сака по секоја цена да го напушти „Паркот на принцовите“ па не е невозможно на овој начин да се обиде да ја примора управата да му дозволи да замине.

Кога Кавани е во прашање неговите агенти и понатаму тврдат дека тој го известил клубот дека ќе задоцни, но според медиумите тоа се само обиди да ја смират јавноста.

Капитенот Тиаго Силва не криеше дека е лут поради ваквите случувања.

„Ова се важни моменти за клубот, а ова што Кавани и Пасторе го направија не е добро за екипата. Треба добро да размислат за своите постапки“, директен беше Силва кој беше прилично отворен и кога официјално кажа дека Пасторе побарал дозвола да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…