Дома Топ вести Нема криза за Реал: „Кралевите“ спремаат рекорден трансфер

Нема криза за Реал: „Кралевите“ спремаат рекорден трансфер

Интересот на Реал Мадрид за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е силен и „кралевите“ веќе спремиле понуда од 150 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.

Зидан смета дека Сенегалецот ќе биде идеално засилување за неговиот тим, кој оваа сезона има проблем со реализацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа Реал Мадрид е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд и спремил понуда од 150 моилиони фунти, која „црвените“ тешко ќе можат да ја одбијат.

Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул веќе бара замена за Мане, а доколу Сенегалецот се пресели во Реал, „црвените“ ќе тргнат по Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…