Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде подготвен за стартот на новата сезона со Ал Хилал, изјави тренерот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Жорж Жесус.
„Се што знам во моментов е дека времето потребно за опоравување на Нејмар и воопшто за ваков тип на повреди е од 10 до 11 месеци. Ако пресметаме, Нејмар нема да биде подготвен за претсезонските подготовки“, изјави Португалецот. експерт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ал Хилал минатата недела ја обезбеди четвртата титула во последните пет години.
Нејмар во ноември беше опериран во Бразил поради скинати вкрстени лигаменти и менискус на левото колено, откако се повреди на 17 октомври на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП 2026 година.
Овој 32-годишен фудбалер во 2023 година се пресели од Пари Сен Жермен во Ал Хилал каде, според медиумите, заработува околу 100 милиони евра по сезона.