Вејн Руни уште пред пеналот на Роналдо, зборувал за техниката на својот соиграч.
Реал Мадрид минатата недела успеа да слави против ПСЖ со 3:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, а вниманието на јавноста од овој натпревар ја привлече пеналот на Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Португалецот во 45 минута погоди од белата точка, а на повторената снимка може да се забележи дека топката отскокнува пред тој да ја шутне кон голот.
Овој пенал на Роналдо веднаш предизвика голем број дискусии. Рио Фердинанд тврдеше дека тоа не е случајност и дека Роналдо тоа го тренирал уште во времето кога биле соиграчи.
Меѓутоа не е само тој со такво тврдење. Вејн Руни многу порано во својата книга пишува за посебната техника на Португалецот.
„Тој разви луда техника за слободни удари. Удира со копачката во близина на топката по што таа отскокнува. Скоро и да ја дочекува на волеј. Многу ги проучував неговите слободни удари, но никогаш не успеав да ја научам оваа негова техника“, во главно гласи порака од Руни.
Maybe Cristiano Ronaldo did mean to 'volley' that penalty against PSG after all?
This excerpt is taken from Wayne Rooney's book, in which he discusses his former Man Utd teammate's enviable freekick technique…
(Image: HerrerasaurusWrecks/Reddit) pic.twitter.com/WR3eqhBnRK
— Who Ate All The Pies (@waatpies) February 21, 2018