Рафаел Надал се врати на првото место на АТП листата, а на второто повторно е Роџер Федерер.
На последната АТП листа имаше неколку промени во Топ 10.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Надал после освоената титула во Рим повторно дојде до првата позиција, Федерер е втор, трет е Александар Зверев, додека на четвртото место се искачи Марин Чилиќ.
Григор Димитров падна на петата позиција, следат Хуан Мартин Дел Петро и Кевин Андерсон, па Доминик Тим, Џон Иснер и Давид Гофан си ги заменија позициите и Белгиецот сега е девети тенисер во светот.
Новак Ѓоковиќ кој на турнирот во Рим настапот го заврши во полуфиналето каде што беше поразен од Надал падна на 22 место.