Дома Топ вести Неколку поранешни играчи на Ливерпул потпишуваат за Ренџерс поради Џерард?

Неколку поранешни играчи на Ливерпул потпишуваат за Ренџерс поради Џерард?

Легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард неодамна беше избран за нов тренер на Глазгов Ренџерс.

За поранешниот играч на Ливерпул ова ќе биде прв сериозен ангажман и јасно е дека пред него е голем предизвик. Џерард не сака ништо да остави на случајноста  и веќе полека почна да се припрема за новата сезона со шкотскиот клуб.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Јасно е дека Ренџерс мора да донесе неколку засилувања на на лето доколку сака повторно да биде конкурент на Селтик кој доминира во последните години. Наводно, Џерард веќе на ум има неколку играчи кои сака да ги донесе, а интересно е што со нив ја делеше соблекувалната на Ливерпул.

Наводно, Џерард не сака да троши премногу пари и целта му е да доведе играчи на кои им истекува договорот ова лето.

Како што пренесуваат англиските медиуми првата желба на тренерот на Ренџерс е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, кој потврди дека по крајот на сезоната го напушта мадридскиот клуб. Иако му е желба да замине надвор од Европа, Џерард сигурно ќе даде се од себе да го убеди да дојде во Шкотска.

Занимливо е што тој не е единствениот играч на кој му истекува договорот, а кој играл со Џерард во Ливерпул. На оваа листа се уште Даниел Стариџ, Џејмс Милнер, Рајан Бабел, Макси Родригез, Јоси Бенајун, Алберто Аквилани, Мартин Шкртел, Алберто Морено и Пепе Реина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед блиску до првото засилување за Аморим

Раководството на Манчестер Јунајтед е во многу напредна фаза на преговори за левиот бек на…