Дома Топ вести Некогаш се фалеше дека е нов играч на Реал, а денес работи на отпад

Некогаш се фалеше дека е нов играч на Реал, а денес работи на отпад

Во времето кога фудбалот е повеќе популарен од било кога голем број деца сонуваат еден ден да стана професионалци и да играат во најголемите клубови, а со тоа и да си обезбедат добра егзистенција.

Тој сон како дете го имаше Луис Енерике Дос Сантонс. Бразилецот на 14 години во 2012 дојде од Бразил во Шпанија на проба во Бетис, а потоа и во Реал Мадрид. Денес тој работи на отпад.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Роден во бразилската земја Алагоас како многу млад направи трансфер во Сао Паоло откако локален бизнисмен го видел на снимка, тогаш имал осум години.

„Бизнисменот ја видел снимката која мојот татко ја објави кога имав 8-9 години. Не одведе мене и моето семејство на проба во Оле Бразил. Им се допадна мојот фудбал и останав таму 3-4 години“.

Потоа го тестираше Крузеиро, но набрзо добил повик и од Шпанија. Прво беше во Бетис, потоа во Реал Мадрид. Пробата ја поминал, но поради бирократски проблеми не остана во земјата.

„Веќе имавме купено карти за Бразил кога дојде повикот од Реал. Теебаше да останам уште еден месец и да одиграм неколку месеци“, раскажа Пети кој се прошетал низ тренинг кампот Валдебебас, објави и фотографија фалејќи се дека е нов играч на Реал, но неколку дена подоцна му било кажано дека мора назад во Бразил.

Денес како 22 годишни кработи на отпад за хартија и пластика во Убераба. Меѓутоа не се откажал од својот сон да стане професионален фудбалер.

„Работам како асистент на отпад за рециклажа на хартија и пластија. Мојот сон е да заиграм повторно. Ми треба прилика да го покажам мојот дар кој му го даде Бог“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…