Дома Кошарка Некогаш освојуваа титули во НБА, а денес наредија 25 порази во низа

Некогаш освојуваа титули во НБА, а денес наредија 25 порази во низа

Tимот на Детроит е во неверојатно лоша форма и вчера го претрпе 25. пораз во низа оваа сезона.

Клубот кој зад себе има три шампионски титули и пет конференциски поминува низ една од своите најголеми кризи и нареди 25 порази во низа со што го израмни негативниот рекорд во својата историја.

Вчера во рамноправен натпревар беа поразени од Јута со 119:111. Од трибините можеа да се слушнат и скандирања на навивачите против управата кои бараа клубот да биде продаден.

Во НБА лигата рекордот со најмногу порази го држи Филделфија која нанижа 28 порази од крајот на сезоната 2015/2016 до почетокот на следната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…