Дома Фудбал Останато Некогаш и технологијата не помага: ВАР безпомошен, па судијата мораше да го признае голот (Видео)

Некогаш и технологијата не помага: ВАР безпомошен, па судијата мораше да го признае голот (Видео)

Воведувањето на видео технолгијата би требало да им биде од помош на судиите, но не беше така овој натпревар во Португалија.

На натпреварот помеѓу Авес и Боависта гостите примија погодок од спорна ситуација, односно можен офсајд, а таа дилема требаше да ја острани ВАР.

Судијата на овој натпревар ја прегледа снимката, но не можеше ништо да види. Причината е знамето кое ја попречуваше камерата, па видео асистенцијата не беше од никаква помош и се што можеше да направи е да го признае погодокот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…