Дома Фудбал Останато Некогаш играше со големи ѕвезди во Премиер лигата, а денес игра со аматери во Русија

Некогаш играше со големи ѕвезди во Премиер лигата, а денес игра со аматери во Русија

Кога во 2008 година за 17.4 милиони евра од Спартак Москва пристигна во Тотенхем, Роман Павличенко беше еден од најскапите играчи на Спарсите.

Павличенко кариерата ја започна во Динамо од Ставропол, после што играше за Ротор од Волгоград и Спартак Москва каде што помина пет години и запиша 141 настап и постигна 69 голови.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Потоа премина во Тотенхем каде што играше со сегашниот играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Кариерата на Модриќ тргна во нагорна линија – го облече дресот на „кралевите“ и освои бројни трофеи, па дури и „Златната топка“, но кариерата на Павличенко тргна во друга насока.

Во Тотенхем помина четири години, а потоа се врати во Русија каде што играше за Локомотив Москва, Кубањ, Краснодар, Урал и Арарат.

Русинот минатото лето пристигна во екипата на Знајмја од Ногинск. Неговиот потпис минатото лето со клубот од областа на Москва е интересен затоа што тој се договори да игра само во домашните натпревари.

Сега дебитираше за овој клуб иако не постигна гол ги воодушеви навивачите на трибините со својата појава. Павличенко за репрезентацијата на Русија одигра 51 натпревари и постигна 21 гол. Најголемиот репрезентативен успех му беше четвртото место на Европското првенство во 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …