Се беше спремно Џексон Мартинез да се врати дома, но колумбискиот напаѓач не ги помина лекарските прегледи.
Некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Европа од времето кога решеташе во дресот на Порто требаше вчера да потпише договор со колумбискиот тим Индепендиете Меделин каде и што израсна и чиј дрес го носеше од 2004 до 2009 година. Тој минатата сезона ја помина во португалскиот Портимоненсе каде што постигна еден гол на 24 натпревари и по истекот на договорот стана слободе ниграч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Индепендиенте имаше голема желба да го врати, се договорија околу висината и должината на договорот, но Мартинез не успеа да ги помине лекарските прегледи. Не е наведено каква повреда е во прашање освен дека ова лето нема да дојде соработка. Во соопштението се додава и дека вратите за Мартинез во клубот не се затворени и дека тој би можел да се врати на соработка од 2021 година. Секако под услов да го нема проблемот кој сега го имал.
Мартинез има 33 години и веќе некое време кариерата му оди во надолна линијата. Најдобриот фудбал го играше пред пет години за Порто и кога за 37 милиони евра го купи Атлтико Мадрид. Во Атлетико се задржа само шест месеци и за 42 милиони евра се пресели во кинескиот Гвангжи каде што доби плата од 12 милиони евра годишно. Таму одигра десетина натпревари во првата полусезона и беше исфрлен од тимот.
Две години тренираше со екипата и зимаше плата без да одигра натпревар. Следуваше позајмица во Портимоненсе, а Кинезите се уште му ја исплаќаа огромната плата. Таму на момент ја оживеа кариерата постигнувајќи девет гола на 27 натпревари, па позајмицата му беше продлжена и во текот на минатата сезона. Тогаш започнаа проблемите за Мартинез со повредите и постигна само еден гол. Договорот со Кинезите му истече ова лето и за четири ипол години си заработи околу 50 милиони евра.
Сега како слободен играч е во потрага по нов ангажман.