Дома Фудбал Англија Некогашниот фудбалер на „Ѓаволите“ го советуваше Мурињо: Ослободи се само од тројца играчи и тоа..

Некогашниот фудбалер на „Ѓаволите“ го советуваше Мурињо: Ослободи се само од тројца играчи и тоа..

mourinho

Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Паркер е разочаран од некои играчи кои го носат дресот на великанот од „Олд Трафорд“.

53-годишниот Паркер во текот на професионалната кариера пет години го носеше дресот на Јунајтед и смета дека менаџерот на тимот, Жозе Мурињо до крајот на преодниот рок би требало да се ослободи од тројца фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа се дефанзивците, Крис Смолинг, Лук Шо и напаѓачот Антони Марсијал. Тоа подолу и го објаснува.

„Крис освојуваше неколку трофеи и уживаше играјќи за Манчестер. Тешко ќе му биде да замине, но ако сака да игра за репрезентацијата на СП ќе мора да замине. Морам да кажам, верувам дека тој е дури четвртиот избор на Мурињо за стопер. Милам дека го остави во екипата само поради многуте повреди кои му се случија во тимот“, истакна Паркер, па се насочи кон Лук Шо.

„Како играч, тој направи голем чекор кога пристигна на „Олд Трафорд“ од Саутемптон, но не се исплатеше. Не треба да се срами од тоа, бидејќи се случува на голем број играчи кои доаѓаат во големите клубови. Едноставно не знаат да се понесат со притисокот. Ако не оди до крајот на овој преоден рок, тешко дека Мурињо ќе го пушти во јануари, па и тој би можел да го пропушти СП ако не замине од клубот“, додава Паркер.

Посебно се осврна на францускиот напаѓач, Антони Марсијал. Смета дека 21-годишниот напаѓач не ужива во играта.

„Кога човек го гледа, би рекол дека не ужива. Може ли некој да ми каже дали го видел со насмевка на теренот, би им рекол да имаат ТВ екрани од 200 инчи и да имаат најизострена слика. Се уште е многу млад, игра во фантастичен клуб, но се гледа дека не ужива. Не е убаво да биде во Јунајтед во тој случај“, заврши Паркер.

Инаку за потсетување во текот на фудбалската кариера, Паркер настапи на 105 натпревари за Јунајтед, а постигна и два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …