Потпретседателот и легенда на Јувентус, Павел Недвед го коментираше ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони, каде „старата дама“ ќе ги одмери силите со Атлетико Мадрид.
Недвед не е задоволен од ждребот и очекува два многу тешки меча против „јорганџиите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Немавме среќа. Атлетико е многу избалансиран и силен тим, тешко е да се игра против нив. Очекувам два тешки натпревари каде нема да има многу голови. Го добивме најсилниот противник од вториот шешир и треба да го прифатиме тоа. Роналдо е човек за ЛШ, силни сме и веруваме дека ќе продолжиме понатаму“, истакна Недвед.
Недвед потоа даде коментар и за својот довчерашен колега, Марота кој сега ја презеде директорската позиција во Интер.
„Постојат два типа директори. Едни можат да работат секаде, а други кои ќе работат само за еден клуб. Јувентус постоеше пред него, ќе постои и после него,како и после мене“, заклучи Недвед.
Juventus, Nedved: "Pescata la più difficile. Sarà doppia sfida equilibrata" – https://t.co/RjpX8J7yrs pic.twitter.com/cT1w0yyCjZ
— ITASportPress (@ItaSportPress) December 17, 2018