После победата на Манчестер Сити над Борусија Дортмунд се појави твит на профилот на Фил Фоден кој му се обраќа на Килијан Мбапе.
Многу брзо потоа се појави вест дека Фоден бил лут затоа што компанијата која е задолжена да му го одржува профилот го објавила тоа без негово знаење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На ова реагираше Гери Невил кој им порача на фудбалерите сами да си ги водат профилите.
„Пред неколку недели кажав дека на голем дел од фудбалерите социјалните мрежи им ги водат компании. Момците, водете си ги сами вашите профили! Се доведува вашата автентичност во прашање, тоа е глас на некој друг, а не на вас“, порача Невил.
I mentioned on here a few weeks ago about players having their accounts run by social media companies. Lads run your own accounts! Your independent thought and authenticity is at stake . It’s your voice , not anyone else’s. Morning by the way . Go and attack the hell out of it ❤️ pic.twitter.com/M997r8kbWa
— Gary Neville (@GNev2) April 15, 2021