Дома Фудбал Англија Невил со жестоки критики за Манчестер Јунајтед: Ова е срамно и очајно!

Невил со жестоки критики за Манчестер Јунајтед: Ова е срамно и очајно!

Манчестер Јунајтед денес одигра само 1:1 во натпреварот против Хадерсфилд и на едно коло пред крајот на сезоната остана без шанси за пласман во Лигата на шампионите.

После овој резултат критики на сметка на својот поранешен клуб не штедеше легендарниот играч на овој клуб Гери Невил.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Невил жестоко ги критикуваше избраниците на Оле Гунар Солскјер кој на почетокот на неговиот престој во Јунајтед изгледаше дека ќе биде спасител за „црвените ѓаволи“.

„Во овој тим на Манчестер Јунајтед нема ништо што може да ми се допадне. Се е ужасно и очајно. Погледнете ги. Тие беа како некоја маѓепсана група. Хадерсфилд кој е веќе испаднат денес покажа поголем квалитет и повеќе ми се допаѓаше од мојот поранешен клуб. Навивачите цел натпревар запреа со пеењето, но се е џабе, играчите како да беа без енергија“.

„Да не зборувам и за тоа каков гол примивме…Очаен! Господине Лук Шо тоа е срамно! Жал ми е за Де Геа кој одбрани сто топки и на крајот не по негова вина прими гол меѓу нозе“, изјави Невил.

Дефинитивно оваа сезона, освен оној период од 10 натпревари кога пристигна Солскјер на клупата во декември е сезона за заборав на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …