Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил не штедеше критики за играта на „црвените ѓаволи“ во дербито против Тотенхем во кое беа поразени со 0:3.
Според Невил вчерашниот натпревар на Манчестер Јунајтед бил најлошиот под водство на Ерик Тен Хаг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој натпревар имаше и критики кон судиите на натпреварот, но според Невил тие не одиграле клучна улога затоа што и 11 играчи на теренот Јунајтед не бил рамноправен противник.
„По овој натпревар притисокот сигурно ќе се зголеми. Тен Хаг го чекаат лоши денови, ова беше можеби и најлошиот натпревар откако е тој во клубот и тоа нешто з борува. Работите навистина не се добри. Тотенхем во овој дуел беше многу подобар и тоа треба да се признае.
Воопшто не изгледаше дека Јунајтед покажува труд квалитет. Имаше свирежи кон судиите, меѓутоа тие не влијаеа ниту половина во целата слика“, изјави Невил.
Сезоната во Премиер лигата Манчестер Јунајтед ја започна очајно и има три порази во првите шест натпревари, а се наоѓа на 12. позиција на табелата.