Дома Фудбал Останато Невиден скандал во српскиот фудбал: Еден играч го давел судијата, друг му ги земал картоните!?

Невиден скандал во српскиот фудбал: Еден играч го давел судијата, друг му ги земал картоните!?

Неверојатни сцени се видени на фудбалските терени во соседството.

Во рамките од Белградската лига помеѓу ОФК Будноќност и Рушањ се случи нешто досега невидено, барем ние не паметиме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Домаќините славеа со 2:1 во првата белградска лига во групата Б, а главниот судија Немања Росиќ се најде во центарот на вниманието поради прекинот во 72-та минута.

Тогаш додели четири црвени картони на гостите со што ги налути во таборот на гостинскиот тим.

„Ништо не најавуваше дека вака ќе се заврши еден интересен дуел. Рано поведовме со два гола предност, пропуштивме уште неколку прилики, па гостите намалија. Во продолжение имавме уште прилики да постигнеме уште некој гол и ако успеевме верувам дека не би дошоло до ваков прекин. Судијатап осле приговорот на Зафировиќ му покажа црвен картон, потоа го опколија останатите играчи, видовм дека еден од нив му ги зема картоните. Кога досуди крај го одведовме во соблекувалната и спречивме повеќе инциденти“, изјави за спортските медиуми претседателот на Будуќност, Дејан Милинковиќ.

Делгататот во протоколот напиша дека однесувањето на играчите било коректно се до 72-та минута.

„Ништо не укажуваше на тоа дека ќе дојде до прекин. При излегувањето имаше закани, но не и физички напад на службени лица. Полицијата беше присутна и зема изјави од судиите, а предадени се и пријави од исклучените, само играчот со број шест не сакаше да се изјасни за исклучувањето“, стои во протоколот на делегатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…