Неверојатна ситуација се случи во самата завршница од 16-тото коло во унгарското првенство кога ракометарките на Ваца со два гола на Барбара Аренхард на бизарен начин во само 30 секунди направија пресврт и ја победија екипата на Сиофок со 25:24.
До крајот на натпреварот остануваа триесетина секунди, а екипата на Сиофок ја имаше топката и предност од 24:23. Место да ја чуваат топката што подолго се одлучија да ризикуваат и да играат без голман. Тогаш ја изгубија топката и голманката на Ваца со шут преку целиот терен погоди за изедначување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тука не беше крајот на чудата на овој натпревар. Во Сиофок очигледно ништо не научија од првата акција и направија идентична работа на пет секунди пред крајот.
Бразилската голманка и златна од СП 2013 овој пат фати една „жива“ топка и со звукот на сирената постигна гол за победа.