Никола Јокиќ со Денвер одигра историска сезона во која овој тим го предводеше до првата историска титула, а тој го одоби признанието за МВП во финалната серија.
Новинарката на „ЕСПН“ се изненади кога Јокиќ на интервјуто се појави без трофеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе ви кажам нешто, направив неколку интервјуа со играчи кои биле МВП во финалето и сите дојдоа со трофеј, вие сте првиот кој доаѓа без него“, констатираше Малика Ендруз.
Јокиќ одговори во свој стил.
„Навистина не знаев каде е. Го оставив во собата на Спарки (економот на Девер) и од тогаш го нема. Во овој момент не знам каде, но се надевам ќе ми го достават дома“, изјави Јокиќ.
Во текот на финалната серија Јокиќ имаше просек од 30.2 поени, 14 скока, и 7.2 асистенции по натпревар.