Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Неверојатно: Швајцарските фанови го промашиле градот за мечот со Бразил – грешка од над 1.000 километри

Неверојатно: Швајцарските фанови го промашиле градот за мечот со Бразил – грешка од над 1.000 километри

Репрезентацијата на Швајцарија остави одличен впечаток во првото коло на Мундијалот и одигра 1:1 против Бразил, но на швајцарските навивачи им се смее цел свет.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Група швајцарски навивачи стана предмет на исмејување бидејќи го промаши градот. Наместо во Ростов на Дон каде што играа Бразил и Швајцарија, тие отишле во Ростов Велики кој е одалечен 1281 километар од вистинската локација.

Откако не успеале да го најдат хотелот, го побарале операторот за помош во вонредна ситуација, а тој можеше само да им се насмее на нивната ситуација.

„Вие сте во Ростов, но во Ростов Велики. Вашата репрезентација не игра во овој град, туку во Ростов на Дон. Тоа е илјада километри јужно од тука“, им рекол операторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…