Барселона доживеа нов неуспех. Десет дена откако беа поразени од Реал (4:1) во финалето на шпанскиот Суперкуп, беа елиминирани од Атлетик Билбао во четвртфиналето на Кралскиот куп со 4:2 по продолженијата.
Со тоа се продолжи со серијата лоши резултати сезонава. Бранителот на титулата во Ла Лига има осум бода помалку од лидерот Џирона и седум помалку од второпласираниот Реал по 20 првенствени натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баскијците поведоа во 1. минута со голот на Горка Гурузета, но Барселона направи пресврт преку Роберт Левандовски во 26. минута и Ламине Јамал во 32. минута.
Сансет му донесе израмнување на Атлетик во 49. минута, а регуларниот дел заврши 2:2.
Јамал во финишот на натпреварот имаше голема шанса да и донесе победа на Барселона и пласман во следната рунда, но од неколку метри промаши празен гол.
@espnfc #LamineYamal missed two chances to send #Barcelona to the Copa del Rey semifinals 😮 #barca #spain ♬ original sound – ESPN FC
На крајот натпреварот заврши 2:2, а по продолженија Атлетик постигна два гола и обезбеди пласман во следната рунда.