Белгиските фудбалери вчера со резултат 2:0 успеаа да ја совладаат Романија и со тоа да направат сериозен чекор кон нокаут фазата на Европското првенство, но проклетството на првиот напаѓач на оваа селекција Ромелу Лукаку продолжи.
Лукаку сигурно не можеше ниту да замисли што ќе му се случува на ова Европско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Промаши четири или пет шута на првиот натпревар против Словачка, а потоа постигна два гола, но и двата гола ВАР му ги поништи. Првиот поради милиметарски офсајд, вториот поради минимално играње со рака на негов соиграч.
Lukaku is cursed pic.twitter.com/U4E2gWIiHb
— Troll Football (@TrollFootball) June 22, 2024
Против Романија одигра добро, но повторно се соочи со проклетството. ВАР му поништи и трет гол. И повторно тоа беше офсајд кој тешко е да се види, но на ова ЕП се користи најмодерната ВАР технологија, па нема сомневање дека беше офсајд.
Lukaku with ANOTHER offside goal this tournament!
— ESPN FC (@ESPNFC) June 22, 2024
Unlucky 💔 pic.twitter.com/cyjjgHB8Bo