Само 10 месеци од заминувањето, лани во мај, Зинедин Зидан повторно е на тренерската клупа на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Иако Французинот се поврзуваше со многу европски гиганти, на крајот на големо изненадување одлучи да се врати на кормилото на „кралскиот“ клуб. За да се случи тоа претседателот Флорентино Перез мораше добро да го одврзе кесето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Зидан со новиот договор годишно ќе заработува 12 милиони евра до 2022 година, што е дури 6 милиони евра повеќе од тоа што го заработуваше во првиот мандат.
Сепак, во споредба со другите добро платени тренери, неговата плата и не е така голема.
Знаете ли колку годишно заработува неговиот голем ривал од Атлетико Мадрид, Диего Симеоне?
Со потпишувањето на новиот договор Аргентинецот стана најплатен тренер и заработува неверојатни 24 милиони евра по сезона.
Симеоне е поплатен дури и од многу фудбалски ѕвезди, па и од најдобриот фудбалер во својот тим, Антоан Гризман.
По веста за враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“, следуваше и објаснување дека станува збор за договор според кој Французинот ќе има целосна контрола врз трансферите.
Шпанските медиуми тврдат дека покрај големата плата, Зидан ќе добие и огромен буџет за летни засилувања за да направи тим по свој вкус.