Дома Фудбал Италија Неверојатно: Една од најголемите ѕвезди во Серија А може да замине за „смешни“ 28 милиони!

Неверојатно: Една од најголемите ѕвезди во Серија А може да замине за „смешни“ 28 милиони!

Дрис Мертенс минатата сезона беше втор стрелец во Серија А со 28 постигнати гола, а и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Наполи.

Белгиецот се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Италија и Европа, па не чуди интересот кој за него го покажуваат гиганти како Барселона, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Она што е чудно е неговата „смешна“ откупна клаузула! Имено, самиот Мертенс потврди дека во неговиот договор со Наполи има откупна клаузула која изнесува 28 милиони евра.

„Можев да заминам за големи пари во Кина, но останав бидејќи Наполи е идеален клуб за мене. Меѓутоа, не знам што ќе се случи ако такви понуди продолжуваат да пристигнуваат… Поради тоа побарав во договорот да се вметне откупна клаузула и вистина е дека таа изнесува само 28 милиони евра. Јас сум навистина „џек-пот“! Каде ќе најдете играч кој постигнува 28 гола, а чини 28 милиони евра? Никаде! Добро преговарам, зарем не?“, истакна Мертенс.

Со оглед на цените на фудбалерите денес сумата од 28 милиони евра е „ништо“ за богатите клубови, па Наполи сигурно треба што побрзо да реагира ако сака да го задржи Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…